Сончево и потопло време, викендов пад на температурите и ветер

1 min read

Времето претежно сончево и потопло. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или
ниска облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла, во текот на денот сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 13 степени.

И во петок ќе преовладува сончево и потопло време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, температурата повторно ќе се намали за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми, па во следните денови ќе преовладува променливо облачно време.

kurir.mk

Претходно

Денес се празнува: Преподобен Ефрем Сирин

Следно

Виц на денот: Отров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian