Скандал на ЗОИ: Чудото од дете, Камила Валиева позитивна на допинг тест

1 min read

Руската лизгачка која го воодушеви светот со својата изведба, 15-годишната Камила Валиева, на допинг тест пред пристигнувањето во Пекинг била позитивна на недозволениот лек за срце, триметадизин.
Лекот се користи за ангина пекторис, болка во градите градите предизвикана од коронарна артерирска болест.

Поради позитивниот тест, беше одложено доделувањето на медали во екипна конкуренција во уметничко лизгање каде Русија во чија репрезентација беше и Валиева, го освои златниот медал, но се уште нема одлука за евентуално одземање на медалот.

Засега не е познатo дали Рускиот олимписки комитет вложил жалба, но Валиева сè уште се наоѓа во олимпиското село и утринава се појавила на тренинг во олимпискиот центар. Руската лизгачка федерација потврди дека Валиева не е суспендирана.

Според светскиот антидопинг кодекс, Камила Валиева е „заштитена личност“ бидејќи сè уште нема наполнето 16 години. Доколку евентуално биде казнета, нејзината суспензија би била помала отколку за возрасните спортисти, но засега Светската антидопинг агеција не го коментира случајот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои се првите симптоми на стелт омикрон? Еден е сосема нов

Следно

ВИДЕО | Дувњак: Уставен суд е поле за меѓупартиски пресметки, ја губи улогата на чувар на уставноста и законитоста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian