Ракот не познава граници, секој може да е засегнат: Не чекајте, закажете преглед по намалени цени!

2 mins read

Во периодот од 7 февруари заклучно до 31 март прегледите: ехо на дојка, 2Д, 3Д мамографија, компјутерска томографија на бели дробови и видеодермоскпското мапирање на кожата се на половина цена во Клиничката болница „Жан Митрев“.

Сигурни сме дека веќе знаете дека ракот се вбројува во 10-те најголеми закани за глобалното здравје на човешвото. Само во 2021 година околу 10 милиони луѓе ширум светот починале од рак. Но не е само предвремената смрт она што загрижува. Тука се изгубената продуктивност, здравствените трошоци, изгубените примања, намалениот квалитет на живот, попреченоста.

Затоа секој четврти февруари, Светскиот ден на карциномот го привлекува вниманието во светот кон ракот и неговата превенција, дијагностицирање и лекување, признавајќи ја посветеноста на организациите, заедниците и индивидуите за намалување на глобалното влијание на болеста.

Да не ја потценуваме моќта на колективната свест, да дадеме сите придонес кон подигнување на свеста дека голем процент (30 до 50%) на сите видови рак можат да се спречат доколку се преземат мерки навреме. Денес, има 43.8 милиони луѓе кои се живи и пет години по нивната дијагноза.

Преку инвестирање, поголем пристап до информации, навремена дијагностика и лекување, се зголемуваат шансите за преживување канцер.

Клиника „Жан Митрев“ се приклучува кон иницијативата за информирање и навремена дијагностика по намалени цени. Во периодот од 7 февруари заклучно до 31 март прегледите: ехо на дојка, 2Д, 3Д мамографија, компјутерска томографија на бели дробови и видеодермоскопското мапирање на кожата се на половина цена.

Направете сè што е во ваша моќ за да го намалите ризикот од канцер, потрудете се да ги применувате следните совети:

  • Правете редовни прегледи, тие се клучен фактор за спасување животи, бидејќи ја спречуваат можноста за заболување од рак или пак го намалуваат ризикот од предвремена смрт.
  • Ограничете го користењето на алкохолни пијалаци и тутун бидејќи тие ги зголемуваат шансите за заболување од рак.
  • Адаптирајте се на поздрав начин на живот.
  • Бидете физички активни. Намалете го времето што го поминувате седејќи.
  • Избегнувајте изложување на сонце. Користете заштита за сонце.
  • Преземете мерки за одржување здрава телесна тежина.

Не чекајте, закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484. Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање.

Комерцијален текст.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фајзер за 2022 година очекува приход од 54 милијарди долари

Следно

Фудбалерите останаа на 67 место на ФИФА ранг-листата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian