Пак избега момчето кое го најдоа во Белград откако беше исчезнато 43 дена

2 mins read

Младиот 21-годишен Алекса Станковиќ од Крушевац,  вчера беше пронајден во Белград откако по него се трагаше од 28 декември 2021. Тој во меѓувреме изнајмил стан во Белград, а планот наводно му бил оттаму да замине во Канада.

Синоќа Алекса беше вратен во Крушевац од страна на полицијата, каде дал изјава, а потоа бил сместен кај својата баба бидејќи мајка му била во изолација. Тој сепак не останал со семејството во Крушевац, туку повторно го напуштил домот и се упатил кон Белград. Во разговор за српска Нова, неговата мајка Оливера, изјави дека не се видела со својот син бидејќи била заразена со ковид, но братот и сестрата се сретнале и разговарале.

„Тој е полнолетен, нема никакво казнено дело, така што има право да живвее и сам ако сака. Во полицијата рекол дека сака да ги оствари своите планови во Белград па да продолжи во Канада. Не сме се слушнале бидејќи телефонот му бил во Белград, но очекувам да ми се јави кога ќе стигне таму. Најважно ми е само да е жив и здрав“ – вели мајката на Алекса.

На прашањето зошто не и се јавувал додека го барале, таа вели дека не знае.

„Ние бевме во супер односи пред да замине. Тој е таков, не знае да се искара или да се замери за нешто, навистина се беше како што треба. Никој не можеше да насети дека ќе замине така без да се јави“ – истакнува мајката на Алекса која непосредно по исчезнувањето на нејзиниот син изјави дека Алекса тоа утро се однесувал најнормално и со ништо не најавил дека ќе замине.

Пронајдено момчето кое исчезна во Белград речиси во исто време со Матеј Периш

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Попов: Младите во ВМРО-ДПМНЕ се застапени во сите партиски тела и активно сме вклучени во носењето на одлуките

Следно

ВИДЕО | Во снимка од песна на „Магазин“, Данијела и Хана во бизарен кадар: Смеј се, Даниела, Грашо еден ден ќе биде мој!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian