Ова се финалистите за избор на Светски автомобил на годината (ВИДЕО)

1 min read

Организаторите на натпреварот за Светски автомобил на годината ја објавија листата на финалисти во потесниот избор за титулата најдобар во светот.

Меѓу кандидатите се и четири електрични автомобили и тоа Audi Q4 e-tron, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6. Во групата финалисти се и атрактивната Cupra Formentor, луксузната Genesis G70 и новата Toyota GR86 / Subaru BRZ. Листата завршува со Honda Civic, Hyundai Tucson и Lexus NX.

Интересно е што електричните автомобили имаат посебна категорија, а за титулата се борат и покрај горенаведените Audi e-tron GT, BMW iX и Mercedes EQS.

Audi Q5 Sportback, BMW iX, Genesis GV70, Mercedes EQS и Volvo C40 Recharge се борат за луксузен автомобил на годината, додека Audi e-tron GT, BMW M3 / M4, Porsche 911 GT3, Toyota GR86 / Subaru BRZ и Volkswagen Golf GTI / R ќе се борат во категоријата за автомобил со светски перформанси.

kurir.mk

Претходно

Турција се заканува дека ќе ги блокира Дојче веле, Гласот на Америка и Евроњуз

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Црниот дијамант „Енигма“ стар милијарди години вчера беше продаден за 3,8 милиони евра!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian