Нов ранг на „Економист“: Македонија од земји со хибриден режим премина на листата демократии со недостатоци

1 min read

Македонија повеќе не е држава со хибриден режим. Извештајот за индексот на демократија во 2021, земјава ја рангираше на 73-то место, што ја вбројува во држави кои имаат демократија со недостатоци. Во споредба со минатогодишниот извештај, направен е скок за пет места што земјава ја извади од групата земји оценети како хибриден режим, главно поради функционалноста на владеењето и маргиналното подобрување во довербата кон политичките партии.

„Кај Северна Македонија, која исто така премина во категоријата на „демократии со недостатоци“, е забележано скромно подобрување во функционирањето на Владата. Во октомври 2021 година, земјата одржа конкурентни општински избори. Како одговор на поразот на неговата партија на изборите, премиерот и лидерот од владејачката партија Зоран Заев порача дека ќе ја преземе одговорноста и ќе се повлече од двете негови позиции“ се наведува во извештајот.

Заедно со Црна Гора и Молдавија, во извештајот, Македонија е сместена во делот, „Добри вести од Источна Европа“.

Статусот, демократија со недостатоци е само една категорија зад земјите кои се оценети со полна демократија во кои припаѓаат скандинавските држави.

Со извештајот се детектира дека лани во светот за сметка на демократијата, зајакнале авторитарните режими.

kurir.mk

Претходно

Д-р Беќаровски: Има само еден лек за да не развиете долгорочен постковид-синдром

Следно

Запленети 91 килограм марихуана во Косово наменети за соседните земји

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian