Неверојатна приказна од Пекинг: 34 години по таткото, и синот освои златен медал на ЗОИ

1 min read

Австрискиот скијач Јоханес Штролц го освои златниот медал во алпска комбинација и ја содаде една од најубавите приказни на Зимските олимписки игри во Пекинг. Имено, Јоханес успеа да го повтори успехот на неговиот татко, Хуберт кој освои златен медал на ЗОИ во Калгари 1988 година. Тие станаа првите татко и син кои освоиле златни медали на Олимписки игри.

Штролц беше четврти во спустот, но со одлично возење во слаломската трка успеа да триумфира пред Александер Омот Килде кој заостана 59 стотинки, и Канаѓанецот Џејмс Крафорд кој задоцни 68 стотинки.

Јоханес Штролц минатата година испадна од австриската скијачка репрезентација и оттогаш мораше сам да се грижи за подготовките и тренинзите, а исто така и сам да ги подготвува скиите.
Со првата победа во Светскиот куп минатиот месец, Штролц се врати во репрезентацијата и сега во Пекинг дојде до злато во алпска комбинација.

Неговиот татко Хуберт Штролц кој сега има 59 години, никогаш не победил на трка во Светскиот куп, но во Калгари стана олимписки шампион во слалом.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Неизмерна среќа: Сара Мејс и Димитар Атанасовски го открија полот на бебето

Следно

Џафери до Крмов: Вие не сте милионер, без апанажа ќе останете на волјата Господова

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian