Комшиќ го предупреди Шмит: Укинете ги законите кои дозволуваат отцепување на Република Српска

1 min read

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, мора веднаш да ги поништи неуставните закони за ВСТВ на Република Српска и Законот за сопственост на Република Српска, кои денеска беа усвоени од Народното собрание на РС, изјави претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, пренесува Кликс.ба.

Комшиќ рече дека ваквите напади врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина претставуваат обид за отцепување на Република Српска, а тоа е можно доколку се обезвласти судството.

– Додека се преговара за измени на Изборниот закон на БиХ, обидувајќи се да му угоди на Драган Човиќ, тој не гледа ништо спорно во ваквите антиуставни активности – рече Комшиќ.

Тој додаде дека овие антиуставни активности не можат и не смеат да поминат без да бидат поништени од високиот претставник, како и реакциите на правосудните институции на Босна и Херцеговина, пред се на Обвинителството на БиХ.

– Сакам да потсетам дека во извештајот на Прибе за состојбите во судството на Босна и Херцеговина не пишуваше дека треба да се формираат ентитетски ВСТВ, туку напротив, се препорачува реформа на ВСТВ БиХ и негово зајакнување. Затоа еднаш испративме предлог-закон со кој се решава тоа, што некои парламентарци го блокираа на самиот почеток – истакна Комшиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Василевска: ВМРО-ДПМНЕ со декларацијата им нуди на сите политички партии да застанат зад декларацијата и да направиме сериозно, достоинствено чествување на ликот и делото на Гоце Делчев.

Следно

Втор дел | Марија Пијанманов: Мојот сопруг сè уште ме запросува, јас сум неговата муза, нашата приказна е поубава од филм

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian