Изетбеговиќ: Можно е одложување на октомвриските парламентарни избори во БиХ

1 min read

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ денеска изјави дека постои можност за одложување на општите избори во Босна и Херцеговина.

„Можно е да се пролонгираат изборите планирани за октомври. Меѓународната заедница би го поддржала тоа доколку се види дека преговарачите се пред договор”, изјави Изетбеговиќ пред почетокот на новата рунда разговори на политичките партии во БиХ за изборните реформи.

Изетбеговиќ рече дека моделот на реформа на Изборниот закон на БиХ, предложен од Хрватската демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ), е н прифатлив за странците.

Домаќини на новата рунда преговори се лидерите на Алијансата за подобра иднина (СББ) и Народ и правда (НиП), Фахрудин Радончиќ и Елмедин Конаковиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на законот за минимална плата каде што ќе се овозможи зголемување на платите во јавниот сектор

Следно

Словенија постепено ќе почне да ги попушта мерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian