Грција ги отфрли барањата за демилитаризација на островите

1 min read

Ги отфрламе во целост неодамнешните обвинувања на турските официјални лица за статусот на островите во Егејското Море. Не само што не се во согласност со основните принципи на меѓународното право, туку тие ја надминуваат и едноставната логика, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану, одговарајќи на новинарско прашање, пренесува Катимерини.

Според грчките медиуми изјавата на Папајоану доаѓа по барањата од турска страна, преку министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, за демилитаризација на островите во Егејското море.

Папајоану додаде дека грчката позиција за конкретното прашање е позната, постојаниот претставник на Грција во ОН испратил писмо до генералниот секретар на ОН, а Грција „останува посветена на принципите на меѓународното право и е подготвена за конструктивен дијалог со Турција, врз основа на овие принципи”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Две лица нападнати на „Кеј Димитар Влахов“

Следно

„Форбс“ објави листа на најплатени забавувачи во светот: Некои имиња би можеле да ве изненадат!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian