ФОТО | Според многумина оваа Русинка е најубавата спортистка на Зимските олимписки игри во Пекинг

1 min read

Јулија Канакина во сабота ќе настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг и ќе се обиде да освои медал во дисциплината скелетон.

Убавата Русинка го привлече вниманието на јавноста уште пред да се појави на теренот и веќе ја освои титулата за најубава спортистка на овогодинешните Олимписки игри. Барем судејќи според коментарите на социјалните мрежи.

ФОТО | Две олимпијки позираа угол голи за „Плејбој“: Ниту една жена не треба да се срами од своето тело!

На нејзиниот профил на „Инстаграм“ ја следат над 80.000 луѓе ширум светот, а таа редовно се фали со фотографии од тренинг, но и од приватниот живот.

„Некои луѓе се обидуваат да ме мотивираат со тоа што ми велат дека најважно е да победам. Не сакам да размислувам така. Сакам едноставно да уживам во натпреварот, да си ја работам работата… Само така ќе успеам“, рече таа во неодамнешното интервју за руските медиуми.

„Сепак, да се каже дека е важно само да се учествува би било погрешно. Сите сме тука поради иста причина и сите ќе се бориме, вклучително и јас“, рече таа.

26-годишната девојка вели дека по спортувањето сака да се посвети на хуманитарната работа.

„Би сакала да отворам прифатилиште за бездомници, се надевам дека ќе успеам да соберам доволно пари и да ги добијам сите потребни дозволи од локалните власти“, во една прилика истакна таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Тепачка среде пекара во Црна Гора, пекарката испадна победник

Следно

ВИДЕО: Јувентус едвај го победи Сасуоло за пласман во полуфинале во Купот на Италија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian