ФОТО | Ким Кардашијан позира за „Вог“: Време е да се усреќам себеси!

2 mins read

Ким Кардашијан блесна на насловната на магазинот „Вог“ под мотото „Новата ера на Ким“

На неодамнешната објава на инстаграм профилот на модниот гигант „Вог“, се појави Ким Кардашијан во чудесна креација и објава во која се објаснува нејзиниот живот и пристап кон нештата што ги прави.

„Таа сака да биде добра за сите“ – вели Алисон Статер, нејзина пријателка од детството. Таа ќе направи се’ за секој што влегува во нејзиниот живот.“

Таа самата отворено проговори за разводот со Канје Вест и како се чувствува сега кога веќе има 42 години, добива друга димензија на сопствената личност.

„Толку долго време го правам она што другите ги прави среќни, што мислам дека дојде време да се усреќам себеси. И тоа е навистина добро чувство. Дури и ако тоа направи разлика и го предизвика мојот развод. Мислам дека е важно да бидете искрени со себе за тоа што ве прави навистина среќни“ – изјави таа за „Вог“.

Таа додаде:

„Можеби сте повредени или лути на вашиот поранешен партнер, но мислам дека на децата треба секогаш да им кажувате дека нивниот татко е  најдобар. Разводот е доволно тежок за нашите деца, а опсесијата на Канје да ја контролира и манипулира целата ситуација негативно влијае на сите нас и ни задава уште поголема болка“

Освен Ким, на насловната на „Вог“ се појавија и нејзините деца. За снимањето, Кардашијан и нејзините деца се дружеа на кошаркарско игралиште, а брзо по објавувањето на фотографиите, Канје ги сподели на својот профил со молба:

„Бог да ми го врати семејството“

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Клековски: СДСМ сака да помине листа на уставни судии кои се неприфатливи за опозицијата

Следно

ВИДЕО: Мајсторе што направи, Бразилец го има промашувањето на годината

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian