ФФМ ја презентираше стратегијата „Обединети од фудбалот 2021-2025“

2 mins read

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја презентираше генералната стратегија „Обединети од фудбалот 2021-2025“, која претставува надоградување на досегашната стратегија.

Во присуство на бројни легенди на македонскиот фудбал и на селекторите на сениорската и младинската репрезентација се презентирани успесите на македонскиот фудбал кој „се изгради“ на повисоко ниво од зацртаното во претходната генерална стратегија.

Некои нешта како пласманот на репрезентацијата до 21 година на Европско првенство воопшто не беа зацртани, но се реализираа, како и настапот на ЕВРО 2020 за првпат во историјата на македонска сениорска фудбалска репрезентација.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини изјави дека е горд на сè што досега е сработено, и тоа воедн претставува мотив повеќе во борбата фудбалот вистински да биде промовиран како најдобар и најпопуларен спорт во Македонија.
– Откако ги реализиравме нашите стратешки интереси и цели, може да го насочиме погледот кон иднината и нашите идни амбиции и вредности кои не обединуваат преку фудбалот. Докажавме досега дека некои нешта не се недостижни како пласманот на најголемите европски натпреварувања, подобрување на фудбалската инфраструктура, поддршката за домашните клубови. И покрај тешкиот период предизвикан од пандемијата, горд сум што нашето фудбалско семејство никогаш не било поповрзано. Настапот на ЕП и обединетоста која не красеше се доказ за исправниот пат по кој чекориме. Сега желбата е токму досегашните успеси да ги надоградиме преку новата генерална стратегија. Славејќи го се она што сме го постигнале, а дополнето со новите стратешки планови сигурен сум дека ќе разгориме дополнителна искра за уште поголем развој на нашата фудбалска игра – изјави Сејдини на свеченоста која се одржа во хотелот „Хилтон“

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Танчерка го тужи Снуп Дог за сексуално злоставување: Ме принуди на орален секс и ме понижи

Следно

Општина Тетово му одговори на Бектеши: Договори на дело со партиски милитанти е злоупотреба на службената положба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian