Директорот на Мастерсот во Монте Карло открива: Сите тенисери кои сакаат да настапат се вакцинирани освен Ѓоковиќ

2 mins read

Директорото на турнирот од Мастерс серијата 1000 во Монте Карло, Жељко Франуловиќ изјави дека првиот тенисер на АТП ранг-листата Новак Ѓоковиќ, е добредојден на турнирот доколку ги исполнува условите кои ги распиша француската влада како дел од борбата со пандемијата на коронавиурусот.

Мастерсот во Монте Карло треба да се одржи од 9 до 17 април, а Франуловиќ, вели дека разговарал со тенисерите кои сакаат да настапат и од нив само Новак Ѓоковиќ не бил вакциниран.

– Доколку сакате да влезете во Франција, првото правило е да бидете вакцинирани. Протоколите на АТП нудат можност и еден месец пред стартот на натпреварувањето да се обезбеди потврда дека сте биле заболени со ковид-19. Колку што знам, Новак Ѓоковиќ моментно не е вакциниран. Доколку ги исполни условите, ќе биде дочекан со раширени раце. Разговаравме со сите тенисери, сите се вакцинирани освен Новак. Не можеме да се ставиме на негово место и да дознаеме што планира да направи. Негово учество на турнирот ќе зависи само од него – изјави Франуловиќ.

Директорот на турнирот сепак се надева дека Ѓоковиќ на крајот ќе настапи во Монте Карло.

– Но, тоа е негова одлука. Лесно е да се каже дека турнирот е посилен од еден тенисер, но би сакале Новак да настапи во Монте Карло.

Франуловиќ очекува во Монте Карло да настапат најдобрите 10 тенисери на АТП ранг-листата, додека учеството на Рожер Федерер се уште е неизвесно поради неговата повреда.
Рокот за пријавување на Мастерсот во Монте Карло е 14 март, а ждрепката ќе се одржи на 8 април.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Од тие умрените полицајци“: Штипјанец е хит на социјалните мрежи со предлог-решение за сообраќајните проблеми

Следно

Д-р Петличковски: Досега починаа шестмина пациенти вакцинирани со три дози

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian