Детското книжевно катче се уништува со графити: „Ако толку ти се пишува, напиши книга“

1 min read

Малечките улични детски библиотеки постојат на повеќе локации низ Скопје. Уште од првиот момент, овој потег беше поздравен, но и беше изразена недоверба дека вакво нешто може да функционира.

Деструктивноста на одредени поединци во нашата околина е секогаш поголема од добрата намера детските книги да бидат достапни за оние кои навистина сакаат да читаат. 

Па така, често се соочуваме со уништени куќички, откорнати вратнички, како и цртање графити врз малите библиотеки. Иако ваквите штети веднаш се санираат, уништувањето продолжува и понатаму. 

На Твитер затекнавме интересен коментар, порака до уништувачите кои пишуваат графити: „Ако толку сакаш да пишуваш, напиши книга, ние ќе ја прочитаме“. 

Оваа порака е навистина силна, но не знаеме дали воопшто може да допре до оние кои вандализираат се што ќе им се најде на патот. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Приведени тројца криумчари, пронајдени мигранти

Следно

Ѓукановиќ: Забавениот процес на проширување на ЕУ создава деликатна и кревка ситуација на Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian