Д-р Беќаровски: Има само еден лек за да не развиете долгорочен постковид-синдром

1 min read

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, кој од неодамна е член на Комисијата за заразни болести, информира дека околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно постковид-синдром со различна симптоматологија и тежина.

Тој вели дека дел од манифестациите на овој синдром се отежнато дишење, малаксалост, поспаност, срцева слабост, проблеми со меморија, паѓање на косата, влошување на дијабетот…

-Тежината и должината на овој синдром не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години. ЗА СИГУРНА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОСТКОВИД СИНДРОМ ПОСТОИ САМО ЕДЕН 100% ЛЕК, а тоа е да не се заразите, потенцира д-р Беќаровски, додавајќи дека секој ден сѐ поголем број на вакви пациенти бараат помош по клиниките.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Екс светската шампионка во карате Снежана Пантиќ ја загуби битката со ракот

Следно

Нов ранг на „Економист“: Македонија од земји со хибриден режим премина на листата демократии со недостатоци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian