Црна Гора се соочува со невообичаен проблем- со денови трага по избеган лав

1 min read

Покрај проблемите со формирањето на Владата, Црна Гора има и еден неочекувано невообичаен проблем, а тоа е што Црногорците со денови не можат да го најдат лавот .кој бил во приватно сопствеништво од каде и избегал.

Лавот е се уште мал но според експертите за два месеци ќе биде доволно голем да може да јаде кучиња, мачки и луѓе, предупредуваат од Агенцијата за заштита на животната средина.

„Пред еден месец добивме информација дека лавот е незаконски во приватна сопственост и почнавме да го бараме тоа животно. Кога се обративме до институциите не можеа да поверуваат, дури им беше смешно и невозможно, велат од црногорската агенција за животна средина.

Од таму велат дека нелегалното чување на диви животни во приватна сопственост е чест проблем во Црна Гора. Се смета дека на Балканот нелегално се продаваат голем број на диви егзотчни и крволочни животни кои се опасни за луѓето.

„Полицијата соопшти дека го забележала лавот во близнина на Будва, но теренот каде се наоѓа бил непристапен. Вегетацијата е многТој бил лолциран со помош на дронови, но засега е невозможно у густа, досега користевме дронови, но поради тие околности многу е тешко да се забележи лава“, рече тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали знаевте дека Милениумскиот крст на Водно е петтиот по големина крст во светот?

Следно

ВИДЕО | Неизмерна среќа: Сара Мејс и Димитар Атанасовски го открија полот на бебето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian