Бурно е во соблекувалната на Јунајтед: Фудбалерите го отпишаа Рангник

1 min read

Манчестер јунајтед и под водство на Ралф Рангник продолжува со слабите игри, а со тоа се зголемува нервозата во соблекувалната која на крајот може да резултира со заминување на тренерот и на најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо.

Јунајтед завчера одигра само 1:1 на гостувањето кај Барнли и падна на петтото место на табелата со што го загрози пласманот во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ моментно имаат 39 бода, еден помалку од четвртопласираниот Вест Хем и три повеќе од Арсенал, кој пак има два натпревари помалку.
Очекувано, по серијата слаби резултати, прв на удар е менаџерот Ранлф Рангник кој дојде како замена за Оле Гунар Солкјер, но не ги промени работите и дефинитивно на крајот од сезоната си заминува од клупата.
Постои можност Рангник и порано да си замине, доколку првиот избор на управата, Маурисио Покетино добие отказ во ПСЖ, по што веднаш би дошол на „Олд трафорд“.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Титов колач: Пробајте го омилениот десерт на поранешниот лидер на Југославија

Следно

Судиите скроија стратегија за како да им се подобри материјалниот статус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian