„Билд“ тврди дека чудото од дете Валиева нема да биде суспендирана и Русија ќе го задржи златото

2 mins read

Камила Валиева која прва во историјата на уметничкото лизгање направи четирикратно свртување, нема да биде суспендирана и репрезентацијата на Русија ќе го задржи златниот медал во екипна конкуренција на Зимските олимписки игри во Пекинг, пишува германски „Билд“.

 

Младата 15-годишна Валиева била позитивна на допинг тестот направен пред нејзиното пристигнување во Пекинг и токму поради нејзиниот допинг тест, сè уште не се доделени медалите.

Но, денеска „Билд“ пишува дека руската репрезентација нема да биде дисквалификувана и ќе го задржи златниот медал. Германскиот весник пишува дека цели тимови на адвокати преговарале за последиците од овој тест и наводно било одлучено, Валиева да не биде суспендирана и Русија да го задржи златото.

 

Исто така и рускиот весник „Шампионат“  пренесе вест со наслов „Валиева нема да биде суспендирана, Русија може да го задржи златото“ во кој наваедуваат дека неименуван избор од рускиот олимписки комитет им рекол дека: Правниот тим успеал да ја поништи одлуката за суспензија на Валиева, а приговорот на истата одлука може да се предаде на Судот за спортска арбитража“.

Камила Валиева била позитивна налекот триметазидин кој се користи за лекување на ангина пекторис. Лекот триметазидин според Светската антидопинг агенција (ВАДА) спаѓа во категоријата „модулатори на хормони и на метаболизмот“. Станува збор за лек кој се користи за лекување на ангина пекторис или за болки во градите поради намалениот доток на крв во срцето. Лекот исто така ја зголемува издржливоста и протокот на крв и поради тоа е ставен на листата на забранети суспстанци.

Прв случај на допинг на Олимпијадата во Пекинг

 

ВАДА го стави триметазидин на листата на забранети супстанци во 2014 година и оттогаш е забранет за користење за време на спортски настани, но и надвор од нив. Исто така, ВАДА во 2018  година објави дека овој лек може да се појави во примероците од урина како лажно позитивен на „Ломерицин“, лек за мигрена кој е дозволен за употреба.

Најпознат случај на суспензија поради користење на триметазидин е тој со кинескиот пливач Сун Јанг кој во 2014 година доби тримесечна суспензија.

ИОК открива: Приказната околу допингот е шпекулација, имаме правни проблеми

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Втор дел | Марија Пијанманов: Мојот сопруг сè уште ме запросува, јас сум неговата муза, нашата приказна е поубава од филм

Следно

Села: Заев прв газеше по мојата крв – тоа што сме опозиција е негова одлука

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian