Џафери до Крмов: Вие не сте милионер, без апанажа ќе останете на волјата Господова

1 min read

Предлогот на Левица за укинување на апанажата на избраните и именуваните функционери доби поддршка само од 16 пратеници и со тоа Собранието нема да расправа за него. Интересно е дека за законот гласаа само 16 пратеници, 13 беа против, додека другите воопшто не се изјаснија.

-Измените на Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани фунционери го предлагаме дека и така платите на фунционерите се многу поголеми од тие на другите граѓани и  тое е еден вид на класна и социјална дискриминација. Треба да се укине таа одредба бидејќи функционерите за да добијат апанажа треба да имаат само 2 години стаж, а другите работници треба да исполнат околу 12 услови. Министри кои се милионери бараат апанажа. Апсурд е државата да издржува милионери. Недозволиво е во една од најсиромашните земји во Европа да се издржуваат функционери милионери – рече Борислав Крмов од Левица во образложението на предлог законот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери од говорница кажа зошто гласал против укинувањето на апанажата.

-Оваа највисока легислативна власт фунционира врз основа на Уставот и Деловникот. Сите имаме предвид дека Собранието не е локална самоуправа кое функционира без надоместоци. Образложението дека фунционерите се милионери и не треба да им следува апанажа, но што правиме со тие што не се милионери. Еве вие Крмов не сте милионер и ќе треба да останете на волја Господова. Држава се гради врз принципи – рече Џафери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неверојатна приказна од Пекинг: 34 години по таткото, и синот освои златен медал на ЗОИ

Следно

Лашкоска: СДСМ гласаше против укинувањето на таканаречената Пржинска влада и повторно го покажа на дело своето лицемерие

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian