Во Белгија за утре најавен е масовен штрајк во образовниот сектор

2 mins read

Сите франкофонски училишта во Белгија најавија масовен штрајк за утре, како поради владините мерки против пандемијата така и поради целокупната состојба во образованието, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Образовниот систем во Белгија е поделен по јазична основа, утре сите франкофонски училишта најавија протест пред министерството и целосен штрајк, на професорите административниот и техничкиот персонал, но и на учениците, организирани од обединетиот синдикален фронт.

Главен поттик за штрајкот е состојбата во образовниот сектор од почетокот на пандемијата и владините мерки кои постојано се менуваат, оставајќи го образовниот кадар преморен. Во последните месеци се постигнаа рекордни бројки на отсутни наставници и професори кои се приморани да држат физичка настава и се постојано изложени на Ковид-19 и на стрес. Синдикатите обвинуваат дека властите постојано ги менуваа правилата за присуство и настава од почетокот на кризата, што довело до хаотична состојба во секторот.

Огромна загриженост кај професорите постои и за менталното здравје на нивните ученици, наставниците сведочат за екстремни состојби на тревога и тага кај децата. Обемот на работа и на стрес не е поткрепен со доволни плати, професијата не се цени, обвинуваат наставниците, кои потсетуваат и дека друга причина за штрајкот се и реформите во образованието.

Според синдикалните претставници овие реформи имаат за цел да го направат училиштето поконкурентно на пазарот на трудот без грижа за човечките потреби на персоналот и на учениците.

Најмалку 6000 луѓе се очекуваат пред вратите на министерството утре. Последните масовни штрајкови и протести во франкофонскиот образовен сектор во Белгија датираат од почетокот на деведесеттите години кога стотици илјади лица излегуваа на улици со месеци.

kurir.mk

Претходно

Бугарите сè уште скептични: Последни во Европа по вакцинација против ковид

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Тамара Грујевска од Гостивар освои Гран при на музички фестивал во Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian