ВМРО-ДПМНЕ со маици со ликот на Делчев ја блокира Комисијата за политички систем

1 min read

Тензична атмосфера во Собранието на Собраниската комисија за политички систем.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив со маици со ликот на Гоце Делчев, не дозволиле да почне расправата за предлог законот за академија на судии и јавни обвинители.

Тие цврсто побарале да се разгледа Декларацијата за револуционерот Гоце Делчев.

По повод 150 годишнината од раѓањето, ВМРО-ДПМНЕ до македонското Собрание поднесе Декларација за Гоце Делчев, чиј што лик и дело е најактуелно во последниот период, особено во преговорите со нашиот источен сосед, Република Бугарија. Од најголемата опозициска велат дека „ако ги видиме последните изјави на новоименуваниот премиер, ќе видиме дека е јасно зошто така лесно се полемизираат или се ставаат на страна овие суштински прашања, меѓу кои и онаа за значењето на ликот и делото на Гоце Делчев“.

kurir.mk

Претходно

Д-р Мојсоски: Поради несоодветен персонал, премногу луѓе умираат од ковид на респиратори

Следно

Приведен криминалец од Грчец баран со меѓународна потерница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian