ВИДЕО | Ѕвездата драматично падна на Британските награди: Сите зборуваат за нејзината реакција!

1 min read

За време на годинашното доделување на престижните Британски музички награди, поп-ѕвездата Ен-Мари имаше мала незгода додека ја изведуваше песната „Kiss My (Uh Oh)“.

Имено, пејачката падна на сцената додека слегуваше по скали и си го повреди левиот глужд. Но, и покрај тоа, Ен-Мари веднаш стана и го продолжи настапот како вистински професионалец.

Пејачката доби голем број позитивни коментари за тоа како се справила со ситуацијата, но и самата Ен-Мари објави симпатична порака на Твитер, шегувајќи се на своја сметка.

„И така не ми требаше левиот глужд“, напиша Ен-Мари по незгодата.

Претходно, Ен-Мари пристигна на црвениот тепих во минималистичка креација, дело на италијанскиот дизајнер Лоренцо Серфини.

Ен Мари
Ен-Мари / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

ГАЛЕРИЈА | Доделени годинашните Британски музички награди, Адел повторно доминираше

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жена две години седела почината на стол во нејзината куќа

Следно

Надал: Посакувам да немам ритуали, но тие ми помагаат да се концентрирам!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian