ВИДЕО: Потера по избегано лавче во Будва, за три месеци ќе јаде и луѓе

1 min read

Црногорската Агенција за заштита на животната средина соопшти дека организира потера по младенче лав, кое му побегнало на сопственикот, турски државјанин, во Будва кон крајот на јануари, пренесуваат медиумите во Црна Гора и во регионот.

Во поканата испратена до граѓаните се наведува дека утре, пред седиштето на Агенцијата во Подгорица, ќе се организира транспорт до Будва за да се пребара теренот и биолозите да го лоцираат и фатат младенчето лав. Учеството во акцијата е на доброволна основа. Во потрагата по лавчето ќе се користи и дрон.

Како што се наведува, лавот, доколку биде пронајден, ќе биде сместен во привремено живеалиште пред да се најде трајно решение.

„Тој лав е малечок, но тие растат брзо и за два, три месеци, ќе почне да јаде кучиња, мачки, луѓе и ситуацијата е прилично сериозна“, изјави Дарко Савељиќ од Агенцијата за заштита на животната средина.

Кон крајот на јануари, црногорските медиуми објавија дека младенче лав избегало од дворот на странски државјанин кој го чувал животното како домашно милениче.

Полицијата тогаш соопшти дека се работи „на утврдување на околностите како младенче лав во сопственост на странски државјанин воопшто влегло во Црна Гора“.

Полицијата започна локална потрага по животното, но безуспешно.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Искористете го времето максимално до петок, викендов нè очекува пресврт

Следно

ВИДЕО | Денес е вистински убавец: Дали се сеќавате на симпатичниот Бебан од „Семејно богатство“?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian