ВИДЕО | Денес е вистински убавец: Дали се сеќавате на симпатичниот Бебан од „Семејно богатство“?

1 min read

Српската серија „Семејно богатство“ своевремено беше еден од најгледаните телевизиски проекти во регионот. Приказната за потрагата по закопаното грне со богатство и прекрасниот однос меѓу дедо Трајко и неговиот внук Бебан е нешто на што многумина сѐ уште се сеќаваат.

Вукашин Марковиќ, кој пред две децении се прослави со улогата на симпатичниот Братислав „Бебан“ Гавриловиќ, денес не се занимава со актерство. Сепак, тој сѐ уште е присутен на сцената, но на друго поле – музиката.

Денес Вукашин е успешен музичар и фронтмен на составот IrieFM. Оваа белградска група досега има освоено бројни признанија и награди, а имаат и голем број обожаватели кои посветено ја следат нивната работа.

Според мислењето на женската публика, Вукашин е еден од најубавите Срби во моментов.

Што се однесува до серијата „Семејно богатство“, во едно интервју за „Мондо“, Вукашин вели дека не му пречи што сѐ уште го нарекуваат Бебан, но дека малку му здосадило.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Потера по избегано лавче во Будва, за три месеци ќе јаде и луѓе

Следно

Пандев: Отсекогаш ми се допаѓала Парма, тука играле многу шампиони

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian