Стојаноски: За мене не е нормално да се трошат 5.300 евра на ден за да функционира РКЕ, а таа да ги констатира само поскапувањата на енергенсите

2 mins read

„Разговараме за предлог финансискиот план за Регулаторната за 2022 година. Се работи за телото кое што треба да ја регулира цената на енергенсите. И ние сметавме дека во тој финансиски план кој што ќе го платиме сите ние, а кој што оваа година ќе биде тежок 91 милион денари, треба да содржат одредби со кои што таа Регулаторна Комисија ќе ни каже како ќе успее да го намали галопирачкиот раст на цените на енергенсите“,појасни Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија„ во гостување во „Утрински брифинг“.

Стојаноски додаде дека тој такво нешто не гледа во финансискиот план на РКЕ.

„Имавме вчера можност да ги соочиме аргументите со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. За мене не е нормално да се трошат 5.300 евра на ден за да функционира регулаторното тело. Да дадеме 33% повеќе средства оваа година отколку минатата година за таа Агенција да си ја плати електричната енергија. И 40% повеќе за нафта, да платиме 4 ипол милиони денари повеќе за интелектуални услуги, за 5 нови вработени. Да плаќаме по 5.000 денари дневно за тие луѓе да пијат кафе, а сепак бензините да се покачуваат секој понеделник. Електричната енергија да биде покачена последните 18 месеци за 30%. Парното греење да биде покачено за 15%. И таа Комисија само да ги констатира поскапувањата на енергенсите, а да не прави ништо во таа насока“, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ се дека е потребно финансискиот план на РКЕ да укаже како ќе ги стопираат галопирачките цени на енергенсите.

kurir.mk

Претходно

Македонија ќе ги брои починатите од ковид исто како Америка

Следно

Муцунски за ТВ24: Наследивме општина со нефункционален систем, но во следниот период сме целосно насочени кон реализација на проекти за граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian