Сараево и Барселона подготвуваат заедничка кандидатура за ЗОИ

2 mins read

Сараево и Барселона подготвуваат заедничка кандидатура за организација на Зимските олимписки игри во 2030 година, а на таа тема е одржан и состанок на претставници на двата олимписки комитети во Пекинг, објавено е на сајтот на Олимпискиот комитет на Босна и Херцеговина.

На состанокот присуствувале претседателот на ОК БиХ Маријан Весиќ, потпретседателот Миланко Мучибабиќ и генералниот секретар Саид Фазлагиќ од една страна и претседателот на шпанскиот олимписки комитет Алехандро Браво и Викторија Кабезас, член на Извршниот комитет на Европските олимписки комитети и генералниот секретар на ОК Шпанија.

– Темата на состанокот беше кандидатурата за Зимските олимписки игри Барселона-Сараево 2030 година, која веќе и во светот се оформува во една одлична идеја. Со цел идејата да се претвори во предлог, ќе се одржат придружни средби меѓу засегнатите страни во иднина, а Сараево би требало да подготви буџет за реновирање на локациите (каде што би се одржала Зимската олимпијада).

Индикативниот буџет би вклучувал реновирање на скокалници и патеки за нордиската комбинација, кои се приоритет на кандидатурата, а чии делумни трошоци би биле покриени од ОК на Шпанија. Тогаш Сараево треба целосно да ја реновира боб патеката, за да може во Сараево да се одржат натпревари во боб, санкање и скелетон, што би значело дека вкупно 25 проценти од спортистите и тренерите на Зимските олимписки игри Барселона-Сараево 2030 година ќе настапат во Сараево – се наведува на веб-страницата на ОК БиХ.

Сараево беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1984 година, а Барселона на Летните олимписки игри во 1992 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интернационален ден на пицата: Како обичната ужинка од 10 век стана омиленото јадење во целиот свет

Следно

Д-р Мојсоски: Поради несоодветен персонал, премногу луѓе умираат од ковид на респиратори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian