Санирање на улиците и нова сообраќајна сигнализација на булеварите во Град Скопје

1 min read

Во текот на вчерашниот ден екипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта извршија санација на крупните оштетувања на коловозите на улицата Димитрија Чуповски и на булеварот Партизански одреди.

На пешачкиот премин на булеварот Александар Македонски, кај бензиска станица Макпетрол, вчера беше поставен семафор, на раскрсницата на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Лазар Трповски извршена е подготовка за семафорска инсталација, а на повеќе улици и булевари во општина Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставуваше вертикална сигнализација.

Екипите на ЈП Улици и патишта секојдневно ги детектираат и ги санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, но и вршат замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација којашто ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, велат од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Какво ќе биде времето до крајот на неделава?

Следно

Пахор официјално ги закажа парламентарните избори на 24 април

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian