Ристевски: Трпам тортура, целата оваа фарса е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот!

3 mins read

Антонио Ристевски, кој е тренер на најдобрите македонски алпски скијачи како што самиот вели 11 месеци трпи тортура и дека целиот овој период живееше со целиот стрес секој ден во интерес на скијачите и македонскиот спорт поради олимписките квалификации и Зимските олимписки игри во Пекинг.

Преку социјалните мрежи имаше реакција на дописот од Скијачката федерација на Македонија која побара Ристевски да го оправда своето отсуство од работа. Доби мејл од првиот човек на федерацијата, Огњан Циговски, односно барање да појасни зошто не е на работа.

Воедно е и тренер на Дардан Дехари кој поради повреда нема да настапи во Пекинг.

– Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае!

Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентациите во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност.

Фото: Принтскрин/facebook.com/antonio.ristevski

Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство, резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!! – напиша Ристевски на Фејсбук.

Ставре Јада заврши на 86 место во квалификациите во нордиско скијање

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нискокалоричен десерт на Стефанија Несторовска: Здрави крем банана бомбици

Следно

На владина седница не е расправано за работните групи за предлогот една изборна единица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian