Промени во Обединетата македонска дијаспора, организацијата има ново раководство

2 mins read

Арџи Н. Белио од Форт Вејн, Индијана, е едногласно избран за нов претседавач на ОМД на Годишниот состанок на Одборот на ОМД во 2022 година, одржан на 28 јануари 2022 година, соопшти организацијата.

Белио ја презема функцијата од Стојан Николов од Лонгмедоу, Масачусетс, кој ја извршуваше оваа улога речиси 12 години. Николов ќе остане во Одборот и ќе ја преземе улогата на прв потпретседател за глобални операции – една од трите потпретседателски позиции (другите две се за донации/спонзорства и програми – сè уште непополнети) кои Одборот на ОМД ги креираше во април 2021 година.

Стефани Таскова Митева од Мелбурн, Австралија, глобалниот копретседавач на програмата за млади лидери на ОМД – Генерација М – беше избрана за секретар на Одборот. Одборот на ОМД стратешки го планира и му дава приоритет на идниот менаџмент со внесување на повеќе наши млади лидери како дел од врвниот управен кадар во организацијата. Митева ја презема функцијата од Џорџ Питерс од Мичиген, кој беше на оваа позиција повеќе од 10 години, и ќе остане член на Управниот одбор на ОМД.

„Чест ми е што ми е дадена привилегијата да ја преземам улогата на претседавач на ОМД – мојата единствена мисија – е и понатаму да го позиционирам ОМД како водечка македонска организација за застапување во светот и да се осигурам дека ОМД е финансиски стабилна за долгорочен успех“, вели Белио.

„Не се работи за мене, туку за следната генерација, моите деца Стефан и Дарко, и многу други млади Македонци кои ќе имаат можност да ги искусат придобивките на ОМД, преку програмата Родум од Македонија, стипендиите Џон Битов, и многу повеќе.“ „Арџи е посветен член на ОМД уште од првиот ден – убеден сум дека умешно ќе ја води ОМД. Неговите деловни вештини и долгогодишното искуство во прашањата кои ја засегаат македонската заедница ќе бидат од суштинско значење во насочувањето на ОМД нанапред“, рече Николов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Марсијал призна, имаше две подобри понуди, на крајот ја избра Севиља

Следно

СДСМ на шферцерски начин сака да го помине Законот за академија за судии и јавни обвинители, Пешевска тврди дека ВМРО-ДПМНЕ се спротиставува на ваквите обиди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian