Почина Фарук Омерагиќ, претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје

1 min read

По кратко боледување вчера во Скопје почина Фарук Омерагиќ, актуелен претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје и долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста.

Преку Градскиот пливачки сојуз на Скопје тој им помогна на многу македонски пливачки надежи, додека неговата богата биографија е исполнета и со други ангажмани во минатото – беше редок познавач на коњичките спортови и поранешен член на Управниот одбор на таа федерација,  но исто така и поранешен спортист – кошаркар.

Фарук Омерагиќ, роден на 16 февруари 1952 година, во својата професионална кариера беше истакнат општествен работник и организатор на многу манифестации за младите, како и еден од основачите на културната манифестација „Скопско лето“. Во 2019 година ја објави книгата поезија „Воздишка“.

Погребот ќе биде на 13 февруари на Градските гробишта во Бутел. х 

skopjeinfo.mk

Претходно

На 10 и 11 февруари средба на претставници на македонското и бугарското МНР, ќе разговараат за отворените прашања

Следно

По фијаското со плагијатот: Хрватска ја брише „позајмената“ куна од своето евро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian