Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев оваа зима одлучи да ја напушти Џенова и да се пресели во италијанската Серија Б настапувајќи за Парма.
Пред четири дена го имаше дебито за неговиот нов клуб во гостинското реми кај Беневенто (0:0).
Моментно во шампионатот Парма се наоѓа на 13 позиција со 25 бодови и следниот меч ќе го има за три дена дома против Порденоне.
– Парма има голема историја и е важен клуб, многу шампиони играле тука. Отсекогаш ми се допаѓала Парма, дури и кога сум играл против нив. Секогаш беа многу тешки натпревари и атмосферата секогаш беше фантастична.
Стадионот е одличен. Сите овие се причините зошто решив да се приклучам и среќен сум што сум тука – вели Пандев за клупскиот сајт и кој се надева дека клубот ќе се најде во плеј-офот во борбата за Серија А.