Официјално: Голманот Јанков ќе игра во Казахстан

1 min read

Ристо Јанков, македнскиот голман одлучи да го направи својот прв трансфер во странство, поточно во Казахстан.

Нашиот 23-годишен репрезентативен чувар на мрежата ќе ги брани боите на Каспиј, а тоа денеска го потврди и неговиот досегашен клуб Работнички.

– Ристе Јанков ја продолжува кариерата во Каспиј, прволигашот од Казахстан, и се надеваме дека тоа ќе биде само еден чекор кон врвна европска кариера каква што и заслужува – соопштија од ФК Работнички.

Додека беше член на скопскиот клуб, во 2017 година беше испратен на позајмица во редовите на Локомотива.

Каспиј Актау моментно настапува во најсилната лига на Казахстан и после 26 кола се наоѓа на осмото место со 32 бодови, далеку зад водечкиот Тобол (61).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Тамара Грујевска од Гостивар освои Гран при на музички фестивал во Русија

Следно

Опозицијата ја блокираше работата на Комисијата за политички систем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian