Облачно време со снег и ветер

1 min read

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Во раните утрински и претпладневни часови во североисточните и источните подрачја ќе провејува слаб снег. Попладне вдолж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје, претежно облачно, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има слаби локални врнежи од дожд.

kurir.mk

Претходно

Власта и опозицијата во клинч, остав за Уставниот суд

Следно

Сакеларопулу и Мицотакис ја повторија грчката поддршка за ЕУ интеграцијата на Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian