Нискокалоричен десерт на Стефанија Несторовска: Здрави крем банана бомбици

3 mins read

Младата и инвентивна Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш изненадува со своите рецепти, дури и кога станува збор за навидум најобични јадења или десерти.

За сите сладокусци и љубители на слатки, а кои сакаат здраво да се хранат и притоа да не добијат вишок килограми, Стефанија денеска ни го приготви омилениот десерт – бомбици, но во здрава варијанта.

Стефанија Несторовска/Фото: Приватна архива

Состојки:

– 2 зрели банани, испасирани
– 4 лажици путер од бадеми
– 160 гр (1/3 шолја) агаве сируп
– 140 гр. (1+1/2 шолја) кокосово брашно
– 1 лажичка ванила
– 1 црно чоколадо или 1/2 шолја чоколаден чипс)

Подготовка:

Во голем длабок сад се додаваат бананите, путерот, ванилата и агавето и се промешува сѐ додека не се соедини смесата.
Се додава кокосовото брашно и повторно се промешува. Смесата треба да биде доста густа и да наликува на „тесто“. Оставете неколку минути да отстои за кокосовото брашно убаво да впие во смесата.
Се оформуваат бомбици.
Чоколадото се става во мало тенџерче на многу ниска температура за да се стопи. Бомбиците се преливаат со чоколадото. По желба, може да додадете и бадеми одозгора.
Бомбиците може да се чуваат во затворен, стаклен сад во ладилник до 5-6 дена или, пак, во замрзнувач до еден месец. Пред консумирање само оставете да се пуштат неколку минути претходно и подготвени се за јадење.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Ако го сакате оној вистински вкус на крем банани, тогаш ви препорачувам да го следите рецептот онака како што е напишан погоре, меѓутоа, доколку сакате само да ги пробате овие здрави бомбици – подолу оставам неколку алтернативи на состојките што може да ги замените.
→ Путерот од бадем може да се замени со кој било друг путер од јаткасти плодови или таан.
→ Агаве сирупот може да се замени со кој било друг течен засладувач како: мед, јаворов сируп, меласа, сируп од урми, маџун и слично…
→ Кокосовото брашно може да се замени со некое друго здраво брашно коеисто така не бара печење, како на пример: брашно од хељда, овесно брашно, бадемово брашно и слично. Можеби ќе треба да ја адаптирате количината и да додадете повеќе/помалку.
→ Доколку оваа количина ви е преголема, тогаш слободно може да го направите овој рецепт со половина од сите состојки.
→ Кокосовото брашно не се кокосови снегулки! Тоа е фино мелено брашно од кокос, така што внимавајте на тоа.

Стефанија Несторовска/Фото: Приватна архива

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Канадските камионџии ги блокираа граничните премини со САД

Следно

Ристевски: Трпам тортура, целата оваа фарса е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian