Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во емисијата Дебати на ТВ Шења вечерва индиректно го обвини поранешниот премиер Зоран Заев дека злоупотребил државни објекти во коишто наводно бил чуван пратеникот Кастриот Реџепи, кој во ноември не се појави на собраниската седница на која требаше да се гласа за доверба на Владата.
„Дали поранешниот премиер Зоран Заев злоупотребил државни објекти, во коишто го чувале Кастриот Реџепи и дали државни објекти, пред сѐ премиерската вила и премиерските простории, се злоупотребени за Кастриот Реџепи да биде чуван“, изјави Николоски, додавајќи дека „ако не е така, нека го демантираат“.
Николоски рече дека „откако ќе се смени власта, сѐ ќе излезе на виделина.