НАкС: Очекуваме зголемување и на другите плати согласно колективните договори

1 min read

Независниот академски синдикат го поздравува покачувањето на минималната плата, кое е усвоено на последниот Економско-социјален совет.

Велат, покачувањето ќе го подобри статусот на работниците со најниски плати и е во насока на подобрување на нивниот животен стандард.

-Сепак, оваа мерка не треба да го воедначи трудот на вработените коишто имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност. Воедно, покачувањето на минималната плата треба да се одрази и на висината на останатите плати во јавниот сектор, чиј коефициент е врзан за минималната, но и за просечната плата. Се надеваме дека изменетата методологија за пресметка на минимална плата ќе се почитува доследно, но дека истовремено ќе се почитуваат и останатите законски прописи и колективни договори кои ја уредуваат оваа материја, се вели во соопштението на НАкС.

kurir.mk

Претходно

Опозицијата ја блокираше работата на Комисијата за политички систем

Следно

МВР со детали за сообраќајката во Аеродром: Дете е тешко повредено

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian