На 10 и 11 февруари средба на претставници на македонското и бугарското МНР, ќе разговараат за отворените прашања

1 min read

Претставници на министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија на 10 и 11 февруари ќе имаат средба на која ќе се разговара за отворените политички прашања меѓу двете земји, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти на ист начин како што министерот за надворешни работи имаше обраќање во Комисија за надворешни работи, од неколку часа, каде ги образлагаше основните поставки на разговорите што се водат, изјави премиерот Ковачевски, по посетата на компанијата „Текстил Солушн”, одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти во однос на политичките средби со Бугарија.

Тој се осврна и на вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега Кирил Петков кој се интересирал за два инцидента што се случиле и тоа едниот во врска со искинати венци на гробот на Гоце Делчев и за искршено стакло на бугарскиот Културен центар во Битола. Ковачевски го информирал Петков дека МВР согласно регуларните процедури ги прави сите истражни работи за првиот случај, а вториот е инцидент мотивиран од приватни причини.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски за ВМРО-ДПМНЕ: Беа против Законот за минимална плата, станаа „за” кога постигнавме договор, блокираат и други закони

Следно

Почина Фарук Омерагиќ, претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian