МВР со детали за сообраќајката во Аеродром: Дете е тешко повредено

1 min read

МВР со детали за вчерашната сообраќајка во Аеродром во која настрада дете-пешак. 

На 08.02.2022 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(68) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

НАкС: Очекуваме зголемување и на другите плати согласно колективните договори

Следно

Мета поднесе тужба против албанскиот Парламент за фалсификување документи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian