Мета поднесе тужба против албанскиот Парламент за фалсификување документи

2 mins read

Албанскиот претседател Илир Мета денеска ја потпиша кривичната пријава против Собранието за приложување „фалсификување документи” во Уставниот суд, на седницата за негово разрешување.

Како што рече на прес-конференција истата е доставена до Специјалното јавно обвинителство, СПАК, до Обвнтелството во Тирана, а заради запознавање и до државното јавно обвинителство.

-Криминалот – фалсификување е многу флагрантен. Ова се случува на јавна седница на Уставниот суд од албанскиот парламент во процес кој се случува за првпат во 30 години, против шефот на државата и ова фалсификување многу јасно покажува, не само како функционираше еднопартиското собрание пред 25 април, туку е драма за тоа како функционира ова собрание со опозицијата, затоа станува збор за темелите на републиката кои се сериозно разнишани. За да се разреши претседателот, фалсификуваа документи и во Уставен суд, па се прашувам каква гаранција имаме дека законите што се изгласуваат во Собрание се веродостојни и не се менуваат во интерес на одредени групи, изјави Мета.

На прашањето дали ќе ја ослободи канцеларијата доколку уставните судии се произнесат за негово разрешување, Мета навести дека нема да го стои тоа велејќи дека 24 јули е денот кога му завршува претседателскиот мандат.

-Велите дека ако е 24 јули денеска, би сакал да биде вчера, нема да има дополнителни брави и ништо нема да биде блиндирано (алудира на состојбите во опозицската демократска партија). На 24 јули ќе правиме забава, таму е народот од 2 март (денот кога во 2020 година Мета организираше масовен протест), многу иритиран поради овие фалсификати, рече Мета.

Уставниот суд, во понеделникот ја одржа третата и последна седница, околу одлуката на Парламентот за разрешување на Мета, на која беа изнесени ставовите на двете страни, по што објави дека конечната одлука, со образложение, ќе биде соопштена во рок од 30 дена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МВР со детали за сообраќајката во Аеродром: Дете е тешко повредено

Следно

Канадските камионџии ги блокираа граничните премини со САД

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian