Марсијал призна, имаше две подобри понуди, на крајот ја избра Севиља

1 min read

Ентони Марсијал зимава си замина од Манчестер јунајтед за да игра редовно и затоа ја избра Севиља каде што ќе игра на позајмица.

Французинот денеска откри дека имал две мега понуди, има две понуди од гиганти како Јувентус и Барселона.

– Барселона преговараше со моите агенти во јануари, Јувентус исто така притискаше за трансфер, но јас ја избрав Севиља. Точно е дека имав понуди, но сакав да играм редовно и да бидам важен дел од тимот – рече Марсијал.

Французинот ќе остане во Севиља до крајот на сезоната, а кој знае, можеби и подолго, доколку клубовите успеат да се договорат за надоместот.

Марсијал веќе го запиша првиот настап за неговиот нов клуб пред четири дена во ремито со Осасуна (0:0) во кое одигра 77 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Можете да погодите која е актерката зад очилата? Фановите велат: Изгледа полошо од кога било

Следно

Промени во Обединетата македонска дијаспора, организацијата има ново раководство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian