Кинезите развија нов тест за коронавирус – резултатите се готови за само четири минути

2 mins read

ПЦР тестовите се сметаат за најточни и најчувствителни кога станува збор за вирусот што предизвикува Ковид-19, но резултатите обично се чекаат неколку часа.

Во некои земји, големата побарувачка за тестирање, поради експоненцијалното ширење на високо преносливата варијанта омикрон, резултираше со огромно заостанување во изнестувањето за позитивни пациенти. Научниците од Универзитетот во Шангај Фудан тврдат дека имаат решение.

Поставиле електромеханички биосензор

Во статија објавена во понеделникот во списанието „Nature Biomedical Engineering“, кинеските истражувачи објавија дека нивниот сензор, кој користи микроелектроника за да го анализира генетскиот материјал од брисевите, успева да ја намали потребата за долготрајни лабораториски тестови за ковид.

„Вградивме електромеханички биосензор за откривање на Ковид-19 во интегриран пренослив прототип на уред и установивме дека успеа да го детектира РНК вирусот за помалку од четири минути“, се вели во извештајот на кинеските научници. Тие велат дека нивниот метод нуди брзи резултати, лесна процедура, висока чувствителност и е пренослив.

Во нивните експерименти користеле примероци од 33 заразени лица во Шангај, а паралелно правеле и ПЦР тестови. Резултатите од нивниот метод беа целосно во согласност со резултатите од ПЦР тестовите, се вели во написот.

Немаше лажно позитивни тестови

Студијата на 54 примероци опфатила луѓе со треска кои немаат коронавирус, луѓе со грип и здрави волонтери. Немаше лажно-позитивни тестови, велат научниците од Фудан.

Уредот за тестирање се смета за посебен затоа што, откако целосно ќе се развие, може да се користи за брзо тестирање во различни ситуации, како што се аеродроми, здравствени установи, па дури и во домашни услови.

ПЦР тестовите се бавни и бараат лабораториска инфраструктура која е ограничена во многу земји, намалувајќи го бројот на тестови што може да се вршат на дневна основа. И додека брзите тестови сега се достапни во многу делови од светот, тие генерално се помалку точни.

Кина е еден од најголемите светски производители на тестови за коронавирус. Според царинските бројки, земјата извезла тест комплети во вредност од 1,6 милијарди долари во декември, што е за 144 отсто повеќе од претходниот месец.

kurir.mk

Претходно

Косово воведе санкции кон лица и организации од Белорусија

Следно

ФОТО | Можете да погодите која е актерката зад очилата? Фановите велат: Изгледа полошо од кога било

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian