Интернационален ден на пицата: Како обичната ужинка од 10 век стана омиленото јадење во целиот свет

2 mins read

Со шунка, печурки, зеленчук, морски плодови, ананас… Денес на менијата во рестораните ширум светот имаме најразлични варијанти на пица со безброј додатоци. Денес е идеален ден да си нарачате или направите дома – затоа што денес е интернационален ден на пицата!

Може да се каже дека пицата потекнува од 10 век во срцето на Италија, Неапол. Всушност луѓето подготвувале погача со сос од домати и малку рендано сирење или кашкавал.

пица

Онаа пица што ја знаеме денес е создадена во 1889 година, а оригиналниот рецепт – сос од домати, моцарела, оригано и босилек – се менувал од место во место, од култура во култура.

Иако се смета за нездрава храна со просечната енергетска вредност, а две големи парчиња пица содржат приближно 744 калории, експертите велат дека јадењето пица еднаш неделно го намалува ризикот од рак благодарение на сосот од домати кој содржи ликопен – веројатно најсилниот антиоксиданс и сирењето што содржи калциум и калиум.

ФОТО | Мајсторот на највкусната пица Наполетана во Македонија: Која е тајната на Мартин Александров?

Најголемата пица досега е направена во Јоханесбург во 1990 година, а за истата биле потребни 500 килограми брашно, 800 килограми сирење и 900 килограми сос од домати. Пицата била широка 37,4 метри.

Тој рекорд го надмина еден американски сопственик на ресторан 15 години подоцна. Со помош на 200 луѓе направил пица во која имало 1.800 килограми сирење и 317 килограми сос. Со своето ремек дело го нахранил секој жител на Ајова со по дури 10 парчиња!

пица

Иако главно ова брзо и лесно јадење е евтино, во ресторанот „Nino’s Bellisima“ во Њујорк, една пица ќе ве чини 1.000 долари или 7.000 долари!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џонсон најави укинување на задолжителната самоизолација за позитивните на Ковид-19

Следно

Сараево и Барселона подготвуваат заедничка кандидатура за ЗОИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian