„Има 61 години и излегува само со помлади мажи“: Синди Галоп има едно златно правило!

2 mins read

Синди Галоп живее во Њујорк, а потекнува од Лондон. Таа е основач на „MakeLoveNotPorn“ – прва социјална секс платформа и како што вели веќе 20 години излегува со помлади момци и, како што вели, не планира да се состанува со мажи на нејзина возраст, пренесува „Metro“.

Пред неколку години си направила профил на апликација за запознавање и како што вели, помладите мажи ја контактираат сами.

Помладите кои ги среќава ги запознава само преку Интернет, но истакнува дека не ги бара само поради секс и дека има еден категоричен критериум со кој не прави никакви отстапки.

„Тие мора да се многу, многу драги луѓе“, вели таа.

Синди објасни дека негативната страна на врските со помладите е тоа што во одреден момент често мораат да ја „напуштат“ и да бидат со некој на нивна возраст, да стапат во брак и на крај да основаат семејство.

Во такви случаи, вели дека со повеќето такви момци останува во блиски пријателски односи, а понекогаш повторно завршуваат заедно.

„Нивните врски и бракови понекогаш се распаѓаат, а кога тоа ќе се случи, ми се враќаат“, вели Галоп.

Сексот, признава таа, е многу важен и е една од главните причини зошто не излегува со свои врсници.

„Сакам кога мажот е издржлив и кога сексот трае долго и има неколку „епизоди“ меѓу кои не му треба многу време да се опорави, а секако, тоа не можам да го очекувам од моите врсници“, заклучи таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешниот премиер на Црна Гора: Абазовиќ е Албанец, сака да ја уништи државата, по мене ја нема Црна Гора

Следно

Суперлига: Бутел беше „тврд орев“ за Е. Пелистер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian