ФОТО+ВИДЕО | Тамара Грујевска од Гостивар освои Гран при на музички фестивал во Русија

1 min read

Има само 11 години, а веќе реди успеси на музичко поле. Тамара Грујевска од Гостивар изминатиот викенд уште еднаш докажа дека е голем талент за пеење.

Гостивар се гордее 11-годишната Тамара Грујевска, исклучителн талент за пеење која од мали нозе реди успеси на музичко поле. Тамара минатата година учествуваше на три интернационални натпревари и феставали каде што освои највисоките награди.

Минатиот викенд, талентираната Тамара се појави и на сцената на меѓународниот фестивал „Golden Stars Rain“ (Златни дождливи ѕвезди), каде што, исто така, беше најуспешна. Таа ја освои највисока награда Гран При на Интернационалниот музички фестивал во Русија.

Тамара беше единствен претставник од С. Македонија, а ги испеа песните „Црно и Бело“ од Калиопи и „I Have Nothing“ од Витни Хјустон. Жирито на фестивалот едногласно ја оцени со сите десетки.

И навистина, милина е да се слушна моќниот, а истовремено нежен глас на 11-годишната Тамара.

Интернационалниот фестивал во Русија се одржува од 31 јануари до 6 февруари. На престижниот фестивал, учествуваат околу 150 натпреварувачи од целиот свет.

Инаку, Тамара е ученичка во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Белгија за утре најавен е масовен штрајк во образовниот сектор

Следно

Официјално: Голманот Јанков ќе игра во Казахстан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian