ФОТО | Тони Михајловски со емотивна честитка до својата љубена Александра: Уште многу родендени да си славиме заедно!

1 min read

Сопругата на нашиот актер Тони Михајловски, Александра денес слави роденден.

Како што прилега, актерот во негов комичен стил, пропратен со многу емоции, ѝ честиташе на својата сопруга на објава на фејсбук каде постави фотографија од него и неа и запиша:

„Среќен роденден љубов.
Ти посакуваме многу здравје и уште многу родендени да славиме заедно. Секако и нерви за да не издржиш нас, занесените уметници што секојдневно ти го разубавуваме животот.
Биди ни жива здрава и насмеана
Дебелиот, Малиша, Лаки и останатите“ – напиша Тони во објавата.

Вљубениот пар го имаат синот Максим кој има 10 години, а Александра пред две години на социјалните мрежи си ја отвори душата околу борбата со рак од која излезе како победник и беспоштедно ја раскажа приказната за своето здравје.

Среќен роденден Александра!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ јавно го објавија начинот на кој СДСМ го кршат деловникот за расправата на Академијата за судии и јавни обвинители

Следно

ВИДЕО: Лукаку е херојот на „сините“, Челси за светската титула со Палмеираш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian