ФОТО | Можете да погодите која е актерката зад очилата? Фановите велат: Изгледа полошо од кога било

1 min read

Холивудската актерка по која копнеат и мажи и жени, се стави себеси во улога на опасна, пресметлива и единствена жена која му пркосела на Пабло Ескобар.

Можете да претпоставите за кого станува збор?

Актерката Софија Вергара ќе го толкува ликот на популарната колумбиска кралица на наркокартелот – Гризелда Бланко. Оваа нова серија на Нетфликс го промени „личниот опис“ на секси актерката која глуми „црна вдовица“ и озлогласена жена од нарко круговите.

Физичката трансформација на Софија ги изненади сите фанови, а некои коментираа дека „не личи воопшто на себе“ и „ Изгледа полошо од кога било“.

 

Софиа Вергара
The Mega Agency / Profimedia

Улогата од неа бара да изгледа недостапно, постаро и грубо. Таа на снимањето е со големи темни наочари, има променето, огрубено лице и баш делува „опасно“.

/CPR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

 

Гризелда Бланко ги испишала најмрачните страници во историјата на тргувањето со наркотици и му застанала на патот на Пабло Ескобар и неговите наследници. Грубата Колумбијка стои зад многу перфидни начини за тргување со наркотици кои се користат и денес.

За неа се знае дека има „дебело“ досие, со најмалку 250 нарачани убиства, и преку 20 лажни имиња и идентитети. Велат дека ги хипнотизирала луѓето со својата убедливост на ниво на култ и создавала верни следбеници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кинезите развија нов тест за коронавирус – резултатите се готови за само четири минути

Следно

Марсијал призна, имаше две подобри понуди, на крајот ја избра Севиља

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian