Балковски: Работни групи само ако има рокови и решение

1 min read

По најавата на премиерот Димитар Ковачевски дека за измените на Изборниот законик во делот на изборниот модел ќе се формираат работни групи и дека за решението е потребен консензус, пратеникот од ВМРО-НП Љупчо Балковски очекува премиерот, ако предлагачи на законското решение да ги повика на средба за работните групи.

-Ќе прифатиме работни групи, но тие да понудат решение, а не да излезат со став дека не се постигнал консензус. Работната група да расправа за предлогот за една изборна единица, а не за тоа каков изборен модел и треба на Македонија. Во таков случај само ќе биде губење време. Треба да има и рок во кој ќе се понуди решението, да не излезе дека ќе се разговара до 2024 година и тогаш да кажат дека не е време да се менува Изборниот законик оти е изборна година. На првата седница на работната група да се утврди начинот на работа, рокот и што се сака да се постигне. Очекувам неделава или следната недела Ковачевски да не повика на средба како подносители на законот за една изборна единица – ни изјави Балковски.

Трајанов: СДСМ го блокира законот за една изборна единица

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Надал: Посакувам да немам ритуали, но тие ми помагаат да се концентрирам!

Следно

Какво ќе биде времето до крајот на неделава?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian