ЗОИ Пекинг: Французинот Филон Мае златен на бијатлонската трка на 20 километри

1 min read

Францускиот бијатлонец Квентин Филон Мае е нов олимписки шампион на трката на 20 километри. Филон Мае во четирите серии стрелање имаше две промашувања, но со одлично трчање да дојде до победата и тоа со време од 48:47.4 минути. Ова воедно е и прв златен медал за Франција на ЗОИ во Пекинг, покрај четирите сребрени медали.

На второто место се пласира Антон Смолски од Белорусија кој имаше едно промашување, но не можеше да му парира на Французинот во трчањето и на крајот задоцни зад шампионот за 14.8 секунди.

Бронзениот медал го освои Јоханес Тигнес Бо кој имаше имаше две промашувања и задоцни 31.1 секунда зад Филон Мае.

Најголем трагичар е Русинот Максим Цветков кој беше втор по четвртото стрелање, но не можеше да го издржи ритамот на останатите  бијатлонци и на крајот заврши на четвртото место со 3 секунди заостанување зад Бо .

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Елена Арсова: Истенчувањето и намалениот волумен на косата е знак за анемија

Следно

Ковачевски: 80 илјади граѓани ќе добијат зголемена минимална плата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian