За да не плаќа алиментација, нарачал убиство на сопругата – детали за грозоморниот случај

2 mins read

Џејсон Стар од Алабама е обвинет дека го нарачал убиството на неговата поранешна сопруга, мајка на нивните четири деца, а на овој одвратен чекор се одлучил затоа што не сакал да и плаќа алиментација од 2.550 долари месечно по разводот.

Џејсон наводно му платил пари и му дал мотор на својот брат Дарин Стар за да ја убие Сара Стар во ноември 2017-та година пред нивната куќа во Каунти Кафе.

Џејсон Стар бил уапсен на 7-ми декември минатата година во голема операција на ФБИ за наводно нарачување на убиството, додека неговиот брат Дарин беше само јавно идентификуван како второсомничен оваа недела.

ФБИ во соопштение за печатот соопшти дека на 2-ри декември бил издаден федерален налог за Дарин Стар (53), но осомничениот е во бегство два месеци.

Тој беше ставен на листата на најбарани на ФБИ, а беше понудена награда до 20.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење.

Сара Стар била убиена на пат на работа на 27-ми ноември 2017 година. Работела како наставничка во локално основно училиште.

Колегите од училиштето алармирале кога таа не се појавила на работа, а нејзиното тело подоцна било пронајдено недалеку од нејзината куќа.

Нејзиниот сопруг беше главен осомничен од самиот почеток бидејќи нивната парница за развод била премногу тешка.

Меѓутоа, тој имал алиби дека во моментот на убиството ручал во ресторан, што го потврдиле и очевидци.

При апсењето тој се изјасни за невин по обвиненијата за нарачано убиство, а е во домашен притвор додека го чека судењето.

kurir.mk

Претходно

Кривокапиќ тврди дека ќе продолжи да носи одлуки

Следно

ФОТО | Александар Белов со новородената ќерка во раце го прослави 35-тиот роденден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian